Доколку годината беше економска и блескавме, немаше и Пендаровски да сака да се исели од државата.

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Нина Ангеловска

Доколку годината беше економска и блескавме, немаше и Стево Пендаровски да сака да се исели од државата.

Самиот факт, што претседателот на државата вели дека доколку не  е претседател би си заминал од Македонија говори дека Зоран Заев три години нема направено ништо за државата.

Во време на Зоран Заев Македонија е земја со најголема младинска невработеност како во регионот, така и во цела Европа, со над 50%.

Младите како завршуваат со образование не мислат како да останат и заработат во Македонија, затоа што под власта на Зоран Заев тоа не е можно, туку како да избегаат од државата.

Македонија блеска, а годината е економска само ако реалноста се гледа преку розевите наочари на Заев  и Ангеловска.

Реалноста е дека младите бегаат, тие што остануваат земаат плата често и под минималната, даноците се високи, а фирми бегаат од државата.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...