Стојаноска: Ветувањето на СДСМ дека ќе се реши проблемот со аерозагадувањето беше нивна предизборна лага

На денешната собраниска седница, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска рече дека не е задоволна од образложението кое го добила дека во Тетово не се одржувало еко-дрво што бил поставено тоа што не значи дека во Гостивар доколку се постави нема да се одржува. Инаку станува збор за сума од 25 000 евра колку што чини ова еко-дрво.

-Очигледно за општините оваа сума е голема, со оглед на тоа што владата со закон изгласа да им се помогне за отпис на долговите но, изгледа и на владата оваа сума и е многу , истакна пратеничката.

Таа во своето обраќањет потсети дека претходната година пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара да се свика итна седница по оваа тема. Имено таа истакна дека на дневен ред таа точка дојде дури по осум месеци кога аерозагадувањето станало и помалку актуелно и помалку алармантно.

-Но за жал сега сме повторно на прагот кога аерозагадувањето веќе станува проблем број 1 во Македонија, но ете повторно амандманот е одбиен. За жал ќе продолжиме да го дишеме загадениот воздух. СДСМ кога беше во опозиција велеше дека аерозагудавњето во Македонија ќе се реши штом СДСМ дојде на власт, очигледно дека беше само предизборна лага како и многу останати, додаде Стојаноска.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.