Поенти од одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

 Поенти од одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање новинар:  Премиерот Заев денеска изрази очекување дека до крајот на мандатот односно изборите во април, просечната плата ќе го достигне она предизборно ветување од 30 илјади денари. Сметате ли дека е реално ова очекување? 

Одговор: Јас ќе бидам попрецизен вели дека ќе биде блиску даденото ветување, и покрај овие интервенционистички методи својствени за еден минат систем, и покрај тоа што државата не ни се развива со динамиката со која што треба да се развива и како што се развива кај нашите соседи, во годините на економски бум и во Европа и во светската економија, ние наместо ветените 5 проценти едвај дали имаме половина од тоа кое што беше ветувано. Иако ќе морам да признаам дека во овој период имајќи ја предвид состојбата во економијата во Европа и во светот многу лесно можеше доколку некој имаше визија имаше план и стратегија, да ги стигнеме тие 5 проценти. За жал таа работа е веќе позади нас, пропуштена и тоа ќе го оставиме на некоја следна влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Со денешното обраќање преку социјалните мрежи, господинот Заев уште еднаш ќе потврди уште една негова лага дека нема да стигнеме, дури и на ваков начин да повторам безкрупулозно трошејќи ги парите на граѓаните не стигнавме до она што беше негово ветување. Прво, тоа не е ветување, еве погледајте го Државниот завод за статистика имате помал број на вработени во индустријата во октомври месец за 2,6 проценти споредено со истиот месец од лани. Ако го гледаме периодот од јануари заклучно со октомври 2019-та година, и ако го споредиме со истиот период од 2018-та година ќе видиме дека имаме за 1,4 проценти помалку вработени во индустријата.

Странските директни инвестиции што ги објави Народната банка се отприлика во почетокот на годината заклучно со третиот квартал на ниво на 113 милиони евра или некаде околу 186 милиони ако не се лажам бидејќи за истиот период минатата година беа 299 милиони евра, значи за 186 милиони евра помалку од истиот период минатата година. Ако ја анализирате дури и 2016-та година, што е година на политичка криза ќе видите дека и таа година имаме повеќе во првите три квартали инвестиции од оваа година која што требаше да биде година на  економски бум. Анализирајќи ги годините 2014, 2015, 2016-та значи полошо никогаш не било. Така што, јас навистина се чудам на кредибилитетот, се чудам на лицемерието со која им се обраќа на граѓаните, и повторно повторува нешто како да е опозиционер, а не како да е трета година премиер во државата, како човек што ги влече конците. Вака ревносно да се занимаваше со економијата како што ревносно се занимаваше да биде по втор пат амнестиран во случајот Поткуп, ние можеби и денеска ќе имавме подобри бројки и параметри, но за жал тој на испушти неговата шанса како претседател на владата. Доаѓа нова влада на ВМРО-ДПМНЕ свесна за предизвиците и пустошот што го наследи, но повторно ќе кажам ги охрабрувам граѓаните дека имаме визија имаме план, знаеме како и допрва доаѓаат најдобрите времиња за Македонија.

Прашање: Господине Мицкоски дали има расположение од власта за вашиот предлог за шпицен кандидат?

Одговор: Шпицен кандидат или кандидат за носител на мандатот гледаме дека се кријат, препелкаат, молчат ги нема уплашени се. Нашиот е многу принципиелен став еве во текот на деновиве што идат ќе има повторно преговори по изборниот законик, принципиелен став, имаме една вертикална морална линија, велиме да имаме кандидат за мандатар кој што ќе излезе на избори ќе ја бара довербата од граѓаните, доколку изгуби, биде поразен се повлекува, доколку победи добива можност да ја формира Владата. И едноставен е одговорот или е вака или е така и сега вие кога ја слушате изјавата на Зоран Заев он вели не се секирајте Мицкоски размислувал на пораз он размислувал за победа. Еве да речеме да претпоставиме дека овие анкети кои што се во јавноста познати да речеме дека расположението во јавноста вакво какво што е биде на страната на опозицијата или на страна на обновата, а Зоран Заев загуби. Бидејќи ќе ве потсетам на една негова изјава пред предвремените парламентарни избори во 2016-тата година дадена на еден национален медиум, на прашањето дали доколку загубите вие ќе си поднесете оставка, рече и доколку имам еден глас помалку јас ќе си поднесам оставка, но ете гледате во нему својствен стил тоа не се случи. Еве му можност бидејќи блескаме нели велиме дека е се добро во државата, ајде да имаме кандидат за носител на мандатот, тој што ќе ги загуби изборите да ја напушти политичката сцена и да се соочи со одговорноста и нормално со последиците. Тој што ќе победи нормално ќе има можност да добие мандат и да ја формира идната Влада и да раководи со Владата и институциите. Многу е едноставно прашањето и одговорот на ова прашање, но еве минуваат веќе една недела и повеќе откако ова прашање беше актуелно, за жал молчат ги нема, немаат јасен став се препелкаат итн. Морален е предлогот, губите заминувате од политиката, победувате ја формирате Владата, не да се криете зад пратеничкиот мандат, не позади пратеничкиот имунитет, излезете соочете се со граѓаните. Велите блескаме, повелете побарајте од граѓаните поддршка, доколку изгубите тоа е тоа.

Прашање новинар: Господине Мицкоски, ќе одговорите ли на оние прозивања од СДСМ дали сте магистрирале во Италија и докторирале во Германија, кои што веќе една недела ве прашуваат за тоа?

Одговор: Што се однесува до моето образование ќе дадам една ретроспектива. Дипломирам на Машински факултет Скопје со просек 9,61, работам најпрво како хигиеничар во една приватна компанија, потоа монтажер на сплит системи, за да потоа станам инженер за термотехнички инсталации да добијам понуда да бидам и директор  во таа компанија. Но потоа на покана на една моја драга професорка која што сега е во пензија, се вработувам на Машинскиот факултет, при тајно гласање, прв случај во историјата Машинскиот факултет. Се вработувам на истиот како помлад асистент и напредувам. Во мојот професионален ангажман на Машинскиот факултет имам студиски престој на Универзитетите  во Италија, студиски престој на Универзитетите  во Унгарија, во Словенија, докторски престој на неколку Универзитети во Сојузна Република Германија. Како и стипендист на италијанската влада и како стипендист на германската влада. Никаде, буквално никаде во мојот разговор со господинот Борисов, јас не ја споменувам онаа извртена вистина што за жал СДСМ ја употребува во јавноста. Ова е основата за моето професионално работење на Машинскиот факултет. Позади мојата биографија стојат неколку трудови со фактор на влијание, меѓу кои е и трудот објавен оваа година во реномираниот часопис Тејлор и Фенсис од кој што учат студентите на реномираните Универзитети во Англија, можете да го проверите на интернет, истовремено тука се  неколку трудов кои што објавено во часописи кои што се наоѓаат во библиотеките на Скопус, Ебско слободно проверете ги имате достапни јавни информации и на интернет и на истите часописи, и сите се објавен од страна на Христијан Мицкоски.

 

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....