Приватниот сектор е пред колапс, криминалната банда на власт која најави економска година го клекна стопанството на колена

Соопштение до јавноста

Македонската економија тоне. Споредбено со лани директните странски инвестиции бележат пад од 164 проценти, односно 187 милиони евра помалку. Странските директни инвестиции во третиот квартал од 2019 година изнесуваат очајни 62 милиони евра.

Приватниот сектор е пред колапс, криминалната банда на власт која најави економска година го клекна стопанстовото на колена. Годинава стопанството ќе оствари рекордно мал приход што дополнително е удар врз државната каса која ќе има намалени приходи по основ на даноци. Бизнис заедницата потврди дека Заев лаже, дека Македонија не блеска, а годинава е една од најлошите за бизнис секторот во самостојна Република Македонија.

Заев не го интересира државата, не го интересира економијата, не го интересира обичниот граѓанин кој едвај го минува месецот. Аболицираниот криминалец го интересира само како да го задржи пратеничкиот имунитет за да не одговара за сите злодела врз македонската држава и народ.

Соочен со сигурен пораз на 12 aприл, аболицираниот Заев бега од предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерите кои имаат намера да ја водат владата да имаат статус на кандидат – мандатар, при што тој што ќе изгуби ќе си замине од политиката и нема да се крие зад пратеничкиот имунитет.

Неговата политичка кариера е завршена, а правдата ќе чукне и на неговата врата. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на неодговорноста и неказнивоста на криминалната банда на чело со Заев. Граѓаните на 12 април ќе изберат да живеат во просперитетна и стабилна држава, а не во понижена и економски девасирана Македонија. На 12 април граѓаните ќе изберат  обнова на Република Македонија.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....