Јанушев: Дејствијата во аферата „Кеш“ не се само апсурдни, туку и незаконски и некој треба да одговара

Апсурдно е премал збор да се каже за аферата „Кеш“, особено имајќи предвид дека се незаконски дејствијата. Законот е јасен дополнителени приходи се дозволени само до 30 -35 проценти од платата, значи овие од Кеш се незаконски и не станува збор само за физички лица, туку и за фирми. Небулозни се износите, или да примате плата од пет-шест илјади евра и дополнително да си исплаќате како кај Катица Јанева 400 илјади евра за дополнителни проходи е надвор од памет. Дополнително тие се пред се незконски и некој ќе одговара, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на Телевизија 24 на која учествуваше и потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

-Доколку не се обзнанеше аферата „Кеш“ ќе останеа неми на случувањата. Надвор од памет е да се тврди дека не знаеле. И Јовевски рече не знаел на почетокот, тоа говори и за тоа како функционира јавното обвинителство, рече Јанушев.

Според него двојни аршини не требаат, треба да одговара секој без исклучок ако сторил незаконско дејствие.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....