Стоилковски: Немањето на главен ревизор во државата создава многу благопријатна безбедна зона за оние кои прават криминал

Во денешната утринска емисија на телевизија Алфа, гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој што зборуваше на тема поврзана за лажни вести односно за портали кои во Република Македонија објавија одредени информации за големи афери кои прво беа кажани дека се лажни вести, а за кои подоцна излезе дека станува збор за голема афера.

-Станува збор за случајот „Рекет“. Пред случајот „Рекет“ беше случајот „Леонардо“ којшто сеуште нема завршница. Случајот „Леонардо“ беше со онаа набавка на радарскиот систем за македонска навигација, за М-НАВ каде што дирекно вклучен во преговорите и има сомнителни и криминогени дејанија барем она што е снимено од генералниот секретар на владата. Од тој момент има поминато 4-5 месеци, сеуште немаме никаква разврска. За „Леонардо“ со Драги Рашковски кој не поведува ниту морална одговорност да се повлече во овој меѓу период, апсолутно тој е сеуште во владата, сеуште е генерален секретар, сеуште спроведува она што му е задолжение од власта, можеби сеуште назначува нови набавки од страна на власта, и сеуште не знаеме дали работи како што и онака работел, како што се претпоставува спротивно на законот при набавка на некои големи пари, финансии коишто можеби има и личен ќар, истакна Стоилковски во своето гостување.

Стоилковски во своето гостување посочи дека не треба да се заборави дека генералниот секретар на владата изнесе многу груби навреди кон други нации, кон други народи и повторно нема морална одговорност кај него, ниту пак кај некој во власта.

-За случајот „Леонардо“ се заинтерсираа и Јавното обвинителство и Антикорупциска комисија. Антикорупциска после серија прес конференции и притисок од страна на опозицијата го задолжи државниот завод за ревизија да ја испита состојбата во македонската навигација за да се види дали навистина имало аванта или немало аванти или работењето на Драги Рашковски било спротивно на тоа што треба да биде јавна набавка. Подолг временски период нема главен ревизор, нема кој да ги потпише документите на државната. Тука гледаме дека за државниот ревизор има борба, кој треба да биде кандидат и така оди времето, сеуште нема главен ревизор, нема кој да испита и се создава многу благопријатна безбедна зона за оние кои прават криминал, потенцираше Стоилковски.

Тој укажа дека и пред случајoт “Рекет“ има криминогени дејанија кои што не се истражани до крај, и дека постојано излегуваат нови. Имено портпаролот Стоилковски додаде дека колку е поголем притисокот од власта врз јавноста и колку е по недемократска власта толку е похрабар народот при што излегува со докази, документи, снимки.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.