Цуклев: Ништо од програмата на СДСМ со која што настапија на изборите не важи

Пратеникот од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет посочи дека сега моментално парламентарното мнозинство и оваа Влада со помош на овој мегаломански буџет играат на карта како да ги дочекаат претстојните избори на 12-ти април 2020 година.

Годишниот план на приходите и расходите односно буџетот за 2020 година еве втор ден на расправа на оваа седница на работно тело. Некако доаѓа и оваа дискусија веќе да е депласирана затоа што контурите на овој буџет ги видовме уште во јуни месец кога премиерот како министер за финансии во обид по оставката или смената на поранешниот министер за финансии ги најави главните насоки каде ќе се движат буџетските трошоци за 2020 година под превезот на „храбри“ чекори, истакна Цуклев.

Цуклев додаде дека според она што се случува со ребалансот и предлог буџетот 2020 излегува дека Драган Тевдовски беше единствен кочничар во државата за вложувањето во човечки капитал. Ништо веќе од програмата на СДСМ со која што настапи на изборите не важи. Се е фрлено во вода, не важи прогресивно оданочување, не важи средната класа, не важи рамномерно распоредување на даночниот товар, не важи порамномерна редистрибуција на доходот итн. Сега се е насочено на една карта, со која што карта треба да оваа влада, ова парламентарно мнозинство да ги дочека изборите на 12-ти април 2020 година, појасни Цуклев.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...