Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Јади бурек на ТВ Сонце изјави дека и покрај тоа што на лидерските средби со СДСМ за законот за јавно обвинителство се труделе да објаснат дека Катица Јанева е вмешана во злоупотреба на службената положба и криминал, Заев не отстапувал од барањето Јанева да биде вклучена во новото обвинителство изјавувајќи дека таа е црвената линија за псотигнување на договорот.

Но, според Мицкоски на крајот се испоставило зошто Заев се борел за СЈО и Јанева, односно како што посочи тој, Заев се борел за СЈО бидејќи му била огромна алатка за корупција и криминал.

Почнавме преговори за законот за јавно обвинителство, но црвена линија беше Катица Јанева. После лидерската средба Зоран Заев излезе и рече дека Јанева не ја даваме, односно рече јас стојам позади нејзиниот интегритет и професионално искуство и таа е нашата црвена линија и тука нема поместување. Ја предложија како републички обвинител односно заменик на Јовевски во таа првична верзија од законот. Ние укажувавме немојте луѓе, не чини. Жената не е баш така како што вие велите има злоупотреби, имаме индиции дека ја злоупотребувала службената положба и слично. но, ни велеа не тоа е нашата црвена линија. Но еве излезе дека тоа што го велевме сме биле во право, вели Мицкоски.

Факт број два. Велевме немојте има злоупотреби со хонорари, плати, исплати на специјални јавни обвинители на помошници на Јанева итн, и тогаш ни велеа на последната лидерска средба што се случи во рамки на Парламентот, еве предлагаме ново обвинителство кое што ќе го наречеме обвинителство за висока корупција и организиран криминал и сите буквално 10 обвинители ќе ги пренесеме и тоа е нашата црвена линија и од тоа нема мрдање. Тогаш им велевме, луѓе немојте, имаме индиции дека има злоупотреба и еве денеска гледаме влегуваат таму органите на прогон да вршат истрага и да видат како биле исплаќани тие хонорари, зошто биле исплаќани итн. Практично ние сега гледаме зошто Зоран Заев се трудел да ја задржи таа институција, тоа им било огромна алатка за корупција, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.