Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју за емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце, изјави дека Зоран Заев им крати по 11.000 денари плата на наставниците и професорите, потенцирајќи дека ваквото покачување на платите на просветните работници не е реформа, туку ниска страст, калкулантство и уште една лага од страна на Заев и СДСМ.

-Во образованието имате колективен договор којшто е потпишан уште во 2010 година каде што имате коефициенти за сложеност на работното место и тие се движат од 1 до 3, мислам дека 3 е највисоко и е за работното место директор, додека односно 1 е коефициент за најниска сложеност на работното место. И во еден член од тој колективен договор вели тоа е минималната плата, а по закон за минимална плата не може да биде помала од минималната која што е регулирана со тој закон. Еве да речеме дека со тој закон, а сега ја усвоивме и е 14.500 денари и тоа е коефициент на сложеност на работно место 1. Професор или наставник има коефициент на сложеност 2,533,а сте донеле минимална плата. Сега ако ги нивелираме сите останати коефициенти според таа минимална плата која што сте ја донеле, значи дека не може наставникот да зема 24.000 денари и да му ветувате 10 проценти дека ќе зема од јануари. Ако се нивелира 2,533 коефициентот, и овој коефициент се помножи со 14.500, вие ќе добиете 36.037 денари плата којашто треба да ја земаат наставниците во основното и професорите во средното образование. Но, денеска не е таква реалноста. Ако ги тргнете на страна коефициентите коишто ги зимаат за изминат стаж, бидејќи годишно платата според закон ви се зголемува за 0,5 проценти од една година стаж и ако го тргнете класното раководство вие доаѓате до 24.000 односно 25.000 основица. Тогаш каде се овие 36.000 денари односно 37.000 денари плата? Тоа се 11.000 денари односно 12.000 денари коишто им се укинати на луѓето, така што ова не е реформа, ова се вика калкулантство, ниски страсти и лага, објасни претседателот Мицкоски.