Практично сето она што беше создавано со години со генерации политичари изминативе 30 години откако дојде Зоран Заев, откако дојдоа овие луѓе коишто практично се политички губитници, распродадоа се, за што да добиеме? За да добијат оние неколкумина негови обожаватели и клиентелисти околу него, неколку подебели банкарски сметки, да добијат некој бизнис повеќе, да се амнестира тој од она што во минатото цела Македонија го гледаше и слушаше кога беше градоначалник, кога бараше мито, и ништо повеќе, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Јади бурек“ на Телевизија Сонце вечерва.

Тој вели дека како држава во ниедна област не напредувавме, во ниту една сфера ние не отидовме понапред, ако го гледаме клиентелистичкото и материјалистичкото ова што нас денеска ни се случува е само распродавање на интересите за да живееме подобро и да имаме некаква предвидлива загарантирана иднина,но ние од тоа ништо не добивме.

Мицкоски рече дека како држава единствено што добивме е уназадување, декаденција и примитивизам, неуспеси, регресивност наместо прогресивност, како и тоа дека владата нема никаква реформа која што ја спровела, ниту една реализирана реформа.