Манчев до СДСМ: Проектот за клинички центар на ВМРО-ДПМНЕ беше неуспешен, бидејќи вие го укинавте

На денешната седница на Комисијата за буџет и финансирање, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ванковер Манчев посочи дека додека СДСМ во опозиција критикуваше за покачување на плати пред избори сега ги покачуваат на големо.

Сегашната власт во минатото како опозиција беше жесток критичар на мерките за покачување на плати и пензии пред избори. Сега во пи-ар кампањата на оваа влада тоа се толкува како вложување во човечкиот капитал, нова мерка, истакна Манчев.

Манчев додаде дека со овие мерки имаме проблеми. Потребно е да се работи за зголемување на квалитетот на продуктивноста на администрацијата. И другиот проблем дефицитот на пензискиот фонд кој што беше акцентиран и во последниот извештај на ММФ.

Ќе реплицирам и на темата здравство и тоа очекувано, и со вашата последна теза дека клиничкиот центар кој што го проектираше ВМРО-ДПМНЕ бил неуспешен. Е неуспешен затоа што вие го укинавте. Наместо тоа распишавте тендер од пола милијарда евра за нов клинички центар, а нема направено соодветни студии. Дали археолошки земјиштето дозволува таков објект, на чии парцели ќе се гради тој клинички центар и дали ист ваков клинички центар во земја од каде што треба да биде инвеститорот е направена за дупло помала сума? За 250 милиони евра. А, ние ќе градиме клинички центар кој што ќе чини 500 милиони евра. Пред три години во Истанбул е направен најголемиот клинички центар на светот кој што чини малку повеќе од пола милијарда евра. Зарем ние ќе се натпреваруваме со вакви милионски градови, запраша Манчев.

Манчев рече дека буџет се говори во бројки, но СДСМ бројките не знае во што да ги примени. Каде одредената сума на покачување и на кој начин ќе ја искористи СДСМ. Упорно владата говори дека ќе ги задржи младите лекари, но според законот донесен во јануари оваа година ги задолжи лекарите со општа пракса со 6 месеци стаж на конкурсот и се пријавија 64 луѓе. Од завршените 260 од последната година. Откако заврши конкурсот до ноември од тие 60-тина лица само 6 души односно 10 проценти ја прифатија понудата за шест месечен стаж, и дали еден доктор по општа пракса има зедено плата. За жал ниту еден нема зедено плата и нормално заради тоа младите лекари се бегаат од земјата.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....