Николоски: Добивме поддршка од Туск и ветување дека ќе се обрати на еден од митинзите на ВМРО-ДПМНЕ за изборите на 12 април

Имавме исклучително успешна недела позади нас на меѓународен план. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е кредибилен партнер на најголемата политичка партија во Европа, ЦДУ на Ангела Меркел и дека е почитуван член на ЕПП. Во Загреб го избравме досегашниот Претседател на Европската Унија Доналд Туск за претседател на нашата ЕПП. Да споделам една информација за граѓаните дека тој денот практично го отвори со нас, односно со средба со раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Разменивме информации околу ВМРО-ДПМНЕ разменивме информации за состојбите во Македонија и ни кажа господинот Туск дека е наш подржувач, дека ќе дојде во кампањата за следните парламентарни избори на 12 април 2020, односно дека ќе се обрати на еден он нашите предизборни митинзи, да споделам кажа дека тоа ќе го направи на македонски и ќе даде силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. Затоа  сметам дека на Македонија и е потребна силна реформа посебно во делот на владеењето на правото, силна економија и дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која што има кадровски потенцијал и умеење како тоа да го направи, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Николоски нагласи дека во Лајпциг во Германија ВМРО-ДПМНЕ оствари средба и со високото раководство на компанијата АУДИ каде што разговарале за инвестирање во Македонија, односно како што рече тој ги замолиле да размислат за инвестирање поточно производство на делови за АУДИ во Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ пред два дена на Конгресот на ЦДУ во Лајпциг оствари средба со највисокиот раководство на Ауди и го замоли Ауди да размисли дали може да се произведуваат делови за Ауди во Македонија. Значи од една страна имате СДСМ која праќа писма да не се инвестира во Македонија во опозиција, а од друга страна имате ВМРО-ДПМНЕ во опозиција која што моли да дојдат инвеститори во Македонија затоа што тоа е од интерес на македонските граѓани, изјави Николоски.

Николоски потенцираше дека во овие три години од владеењето на СДСМ нема донесено ниту една странска инвестиција, укажувајќи дека овие инвестиции што се моментално се донесени од време на ВМРО-ДПМНЕ.

-Од доаѓањето на СДСМ на власт до денеска има два ипол странски инвеститори влезени во Македонија, велам два и пол, бидејќи третиот е во процес на инвестиции. Сите се договорени во време на ВМРО-ДПМНЕ и сега нема ниту еден привлечено од страна на СДСМ, значи ни еден, односно зборуваме за нула странски инвестиции странски инвестиции во овие три години од страна на СДСМ, кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...