Бонусите на СЈО од страна на СДСМ се давани за доверливост, за да не се откријат прислушуваните разговори за бомбите

Катица Јанева во време на СЈО, освен редовната плата, примила и бонус од 157.000 евра, додека другите обвинители земале од 70.000 до 100.000 евра, а вкупната сума на бонуси за обвинителите на СЈО надминува 700.000 евра!!! И внимавајте, бонусите се давани за доверливост, за да не се откријат прислушуваните разговори за бомбите!?!

И тоа и било малку, па криминално-рекетарската влада на Заев, на личната сметка на Јанева префрлале пари во висина до 600 евра, од кои последната исплата била на само 10 дена пред апсењето за аферата “Рекет”!

Дел од најголемите поддржувачи нс СЈО со иницијатива за враќање на бонусите и констатација дека таква сума за бонуси не е доделена во последниве 20 години и дека со овие бонуси се достигнува врвот на корупцијата – се согласувам со нив, но морам да додадам две работи, прво – ќе си одговараат за злоупотребите, не само да ги вратат парите, второ – добро е што станувате свесни кого поддржувавте.

ЈО и Јовески во нивни стил – они ништо не знаеле, ниту виделе, нит пак слушнале! Ама, да не се секираме, ќе испитале! Па, што правевте бре пола година? Нели истрагата за “Рекет” ја затворивте??? Неспособни! Оставки!!!

А дел од медиумите, оние независните, на кои слободата на говор, демократијата и демократските вредности на слободното и објективно новинарство им ги донесе токму Заев се прашуваат дали има финансиска злоупотреба на парите кои си ги доделила Катица Јанева за себе и за останатите обвинители? Неее, каква злоупотреба! Па, нели е најнормално покрај плата од 5-6.000 евра да си исплатиш сам на себе и бонус од 157.000 евра???

Само да ве потсетам дека од септември бараме формирање на Анкетната комисија, токму за да се даде одговор на тоа колкава штета е направена на буџетот, кој сѐ имал незаконски приходи, но и нешто што до сега не е доволно јасно, а тоа е колкави пари се одлевани за незаконски вештачења кои после биле и уште се користени во судски постапки???

П.С. – за варварскиот чин на навивачката група Шверцери вчера во МНТ, прво – очекувам брза реакција од МВР и одговорност за сите што уништуваа и сквернавеа, второ – оставка од раководните лица на МНТ, и трето – реакција и најостра осуда од сите политички партии од албанскиот блок без исклучок, ова е вистинска шанса да видиме дека заложбите за соживот, мултиетничко и мултикултурно општество не е само празна флоскула во нивната реторика и дека како граѓани на Република Македонија сите сме исти пред законите.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.