Заев не го интересира Македонија и иднината на нејзините граѓани, туку го интересира само личното богатење и заштитата на криминалот

Соопштение до јавноста, реакција на интервјуто на Зоран Заев за Радио Слободна Европа

Измамникот Заев ја лаже јавноста дека сакал да го ограничи основното уставно загарантирано човеково право на собирање и протест со закон кој наводно не го прочитал.

Заев и Спасовски свесно сакаа да ги забранат протестите и револтот против нивните антидржавни политики.

Двајцата земаат астрономски плати за да ги читаат законските решенија што ги предлагаат. Во спротивно чесно ќе беше да се повлечат, да престанат да ги лажат и крадат граѓаните и да остават државата да ја води некој што ќе го прочита тоа што го предлага.

Дали Заев ќе се вади дека не го прочитал и катастрофалното решение за прогресивен данок со кое беше намесена милионска штета на бизнисот?

Дали Заев не го прочитал и законот за марихуана за кој му беше поважно да стави европско знаменце додека Македонија се бореше за датум?

Дали Заев ги чита задолжувањата тешки стотици милиони евра со кои што ја заглавува Македонија?

Како е можно Заев да нема време да чита закони, а да има време со адвокатката на Катица Јанева да се информира за случајот и да ја координира одбраната?

Едно е јасно, Заев не го интересира Македонија и иднината на нејзините граѓани. Заев го интересира личното богатење и заштитата на криминалот.

Затоа и Пендаровски вели дека би се иселил, доколку не би бил претседател.

После 12 април нема да се ограничува правото на јавни собири, предлог законите ќе се читаат, а Македонија ќе стартува со обновата.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.