СДСМ уште ги нема исплатено парите од мерката млад земјоделец на ланските апликанти, а ветува зголемување на истата

Мерките и проектите на СДСМ не се искрени и ефективни. СДСМ уште ги нема исплатено парите од мерката млад земјоделец на ланските апликанти, а ветува зголемување на истата.

Младите земјоделци кои додека ја чекаа мерката млад земјоделец од лани, го послушаа Стево Пендаровски и се иселија од државата.

Власта треба првин да ги намирува плаќањата кон граѓаните за изминатите три години, па дури тогаш  да ветува нешто друго.

Земјоделците уште ги чекаат и субвенциите од 2017 и 2018 година.

Никаде ги нема ниту загарантираниот откуп и високите откупни цени, кои ги ветуваше Зоран Заев пред три години. Три години беше на власт, три години родот завршуваше на буниште. Земјоделецот си знае низ каква мака помина.

Заев лажеше пред три години, лаже и сега. Земјоделците повеќе не му веруваат, затоа и ќе изгуби на 12 април.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...