Машинеријата за продукција на лажните вести, се има тотално одлепено од реалноста и не знае што се факти

Соопштение до јавноста – реакција на ставовите на Коста Петров изнесени на трибина во Гостивар

Машинеријата за продукција на лажните вести, се има тотално одлепено од реалноста и не знае што се факти.

Објективната вистина за ситуацијата во којашто се наоѓа Македонија и граѓаните е далеку од лажното претставување на Коста Петров.

Факт е дека во Македонија ниту се гради, ниту се реализира. Да беше спротивно до сега ќе беа почнати 500-те километри автопати коишто СДСМ ги имаше ветено претходните избори.

Факт е дека од проектираните 3.9 милијарди евра буџет, владата издвојува минимални 380 милиони евра за капитални инвестиции, а реализацијата е никаква.

Факт е дека СДСМ повторно ги излажа  пензионерите кога го избриша законскиот индикатор за зголемување на пензиите  и со тоа ги скрати пензиите за 6.900 денари оваа година. На ист начин го скрати и покачувањето на платите за професорите и наставниците со кршење на законските одредби.

Факти се и лагите за зелената нафта којашто требаше да им биде доделена на земјоделците уште на почетокот од оваа година, но наместо реализација на мерката, 50 илјади земјоделци завршија со по 500 денари бонови, во услови кога во државата има 100.000 земјоделци.

Фактите говорат дека оваа влада ја задолжува државата без основ. Последното задолжување од 82 милиони, при јавен долг од 5.4 милијарди евра, зборува за неспособното работење на оваа власт. Долговите растат, а Заев продолжува да се расфрла со парите на граѓаните.

Петров и СДСМ само продолжува јавно да прават пропаганда и смешен политички маркетинг со цел да го прикријат сопственото неработење и да не се соочат со поразот кој што ќе биде евидентен на изборите на 12-ти април следната година.

СДСМ и Заев ќе изгубат заради фактите коишто македонските граѓани ги гледаат и заради срамот и понижувањата коишто им ги нанесуваат на граѓаните секојдневно. Антиреформската влада ќе падне затоа што испорачува само криминал и корупција. Обновата на Македонија стартува во април и ќе значи крај на лажните вести.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...