Измамникот Заев истроши три години на корупција, лично богатење и безброј лаги со кои ја покриваше неспособноста на неговите соработници

Соопштение до јавноста – реакција на ставовите на Зоран Заев изнесени на трибина во Гостивар         

Измамникот Зоран Заев истроши три години на корупција, лично богатење и безброј лаги со кои ја покриваше неспособноста на неговите соработници.

Зоран Заев само за да ја задржи власта се откажа од националните интереси и прифати целосно обезличување на македонскиот народ и историјата.

Затоа после три години расипничко владеење, дури и неговиот претседателски кандидат Стево Пендаровски призна дека би се иселил доколку не бил на функција.

Зоран Заев лажеше кога ветуваше подобар живот пред три години. Зоран Заев лаже и сега.

Три години Македонија не е мрдната од мртва точка. Државата е задолжена за над 5.4  милијарди евра, криминалот цвета, а правниот систем не функционира.

Лошите политики предизвикаа Македонија да се празни. Се пополни се автобуските и аеродромите со млади со карти во еден правец.

Заев ветуваше дека ќе врати 600.000 иселени, а три години е причина за иселување на дополнителни неколку илјади.

Со Зоран Заев и СДСМ Македонија само стагнира. По 12 април следува обновата и Македонија ќе биде ставена на брза трака за економски напредок кон ЕУ.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.