Стоилковски:СДСМ соочени со пораз бесрамно пласираат лажни вести и вршат притисок врз медиумите

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Се наоѓаме пред центарот за лагите и  измами пред штабот на СДСМ, пред владејачката партија. Соочени со пораз, бесрамно пласираат лажни вести и вршат притисок врз медиумите за да им ја одиграат гнасната политичка манипулација во јавноста.

За македонскиот народ, за граѓаните на Македонија, за ВМРО-ДПМНЕ, никогаш, ама никогаш нема да биде прифатливо негирањето на посебноста на македонскиот јазик, како и откажувањето од ликот и делото на Гоце Делчев.

Сето она кое што значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија, во никој случај не е прифаќање и одобрување на антимакедонските политики кои што ги води власта во заминување.

Почитувани,

Власта која отвори цело министерство за вистина, формира тело за пласирање на лажни вести, под превезот на борба со лажните вести. Нивниот ПР стратег вели дека имале стратегија за вести на политичките противници, стратегија против ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани, во напливот на страв од препознаените лаги, лагите за пилоти, лагите за напредок, лагите за националните интереси, лагите за економски развој, лагите за плати на докторите, лагите за 500 евра просечна плата, лагите за раст на пензиите, лаги кои не се покриваат со лаги за блескање, СДСМ измислуваат, конструираат лажни вести за деградирање на опозицијата со измислување на криминални случаи и со лажни изјави со кои сакаат да го намалат поразот кој што ќе им го нанесат македонскиот народ, граѓаните на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.

Кога не им успева тоа, тогаш прават притисок врз медиуми, апсат опозиционери, приведуваат новинари и им се закануваат со тужби! Само да блеска лагата!

Почитувани, лагите нема да го покријат криминалот и корупцијата или продажбата на националните интереси, нема да го покријат рекет, нема да ги покријат крвавите тендери или авантите од Леонардо.

Зоран Заев Заминува за 40 дена! Со него на 12 април ќе заминат и креаторите на лажната вистина во Македонија. Ќе започне обновата на Македонија, а бастионот на лажни вести ќе заврши на црните страници на македонската историја.

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...