Власта не прави ништо за да се подобри квалитетот на животот на граѓаните во Струмица

Интегрален текст од изјава на Ирена Бабамова – Стојчева

Почитувани граѓани,

Работата на локалната самоуправа е вашите пари собрани преку даноците и давачките кои ги плаќате постојано – најдирекно да ви се вратат назад, со вложување во проекти за подобрување на квалитетот на вашиот живот.

Ќе се сложите дека нема поважно прашање од животот на луѓето. Истражувања покажуваат дека загадениот воздух предизвикува редица аномалии и болести, од респираторни, срцеви, невролошки…листата е долга.

Струмица денес е еден од најзагадените градови во рамки на државата и често се наоѓа на врвот по загаденост во европски па и во светски рамки. Опкружени сме со постојани чадови, во сите нијанси од бело до црно. На таквата алармантна ситуација, процентот на реализација на програмата за животна средина на локалната самоуправа, според последниот квартален извештај е само 9 проценти.

Загадувањето во нормалните општества е класифицирано како ризик по националната безбедност, а статистиката покажува дека околу 3500 луѓе годишно или 17000 лица во Република Македонија починале како резултат на аерозагадувањето во последните години*. Изразено во урбани размери, оваа бројка е еднаква на бројот на жители на една помала општина.

Дали навистина домаќинствата се најголемиот загадувач на територија на општината?

Ако се има предвид дека во повеќе наврати се регистрирани последователни денови со енромно присуство на пм10 честички во воздухот вон грејната сезона – кој загадува во меѓувреме?

Дали парцијалното субвенционирањето за приклучок кон гасоводната мрежа е доволно да ги поттикне граѓаните да се приклучат, кога цената на гасот е неисплатлива, а населенитето не може да издвои толкави суми да инсталира таков систем дома?

Зошто не се субвенционираат други алтернативни начини на греење со општинските пари, како купување печки на пелети, инвертери, соларни панели?

Дали доволно ефикасно се детектираат и санкционираат загадувачите кои палат отпадок, пластика, кабли и друг материјал?

Дали филтрите на индустриските капацитети работат ефикасно?

Почитувани граѓани,

Сериозните анализи покажуваат дека борбата со загадувањето не се решава парцијално и не е проблем што е присутен само во грејната сезона. Само за потсетување, за pm10 дозволени се 35 дена во годината над 50 μg/m3, а според СЗО годишниот просек не смее да е над 20 μg/m3.

Состојбата во Струмица е загрижувачка, и како советници сметаме дека општинските пари да се насочат кон:
– субвенционирање на алтернативни начин на греење во домаќинствата, градинките, училиштата, здравствените и административните објекти
– енергетска ефикасност и кај домаќинства и кај јавни објекти
– воведување јавен превоз
– зелени ѕидови во градинките и училиштата
– инсталирање и за филтри во малите и средни фирми од дрвната и друг вид индустрија
– решавање на дивите населби, палењето на кабли, гуми, пластика и друг отпадок
– зголемен број на инспекции, постојано достапни и присутни на терен,
– дронови со термалните камери, низ цела година,
– поставени камери на хроничните жаришта каде постојано се фрла и се пали отпад
– проширени мониторинг станици кои ги мерат сите загадувачи континуирано
– градежни зони според стандарди и редовна инспекција
и редица други системски мерки.

Почитувани граѓани,

Како советници, сакаме да ви потенцираме дека иако нашата работа веќе подолго време не се пренесува на телевизиските и другите медиуми, на сите седници кога на дневен ред е поставено ова прашање, постојано бараме отчет и како и сега нудиме конструктивни решенија со цел да го заштитиме правото на чист воздух, а каква што е состојбата – и правото на живот.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...