Јанушев: СДСМ вади афери на ниво на типично дневно политиканство, покажува слабост и пробува да го дискредитира ВМРО-ДПМНЕ

За новата афера за завршниот извештај на претседателските избори за сума од 400 илјади евра за која СДСМ ја обвинува партијата ВМРО-ДПМНЕ дека вршела криминал, Игор Јанушев во емисијата „Што не е јасно“ рече дека доколку тоа било криминал, веројатно немаше да биде на слобода, ниту пак гостин во телевизиската емисија.

-Ако беше криминал немаше сега да седам овде и да разговарам со Вас. Типично дневно политиканство и покажување на една слабост и покажување на една очајна ситуација во којашто се наоѓаат.
Јанушев даде кратка генеза на случувањата според која, секоја партија учесник во изборната кампања има обврска да достави завршен извештај до Државна Изборна Комисија, до ДКСК и до сите релевантни институции и според тоа партијата ВМРО-ДПМНЕ доставила извештај во законскиот рок предвиден со законот, рече Јанушев и додаде:

„Јас како потписник на сметката го потпишав тој извештај и таму се достави. Точно е дека во извештајот ние самите сме навеле и сме ја прикажале објективната ситуација како што била, дека сме останале должни 400 илјади евра. Ние не бегаме од тоа, ниту ќе избегаме“.

Тој претпостави дека СДСМ или сега го виделе тој податок или некој им дојавил, и преку тоа пробуваат да го дискредитираат ВМРО-ДПМНЕ и да го дискредитираат него како генерален секретар на партијата.

-Она што не го знаат или она што нарочно го премолчуваат е дека ние како партија ниту сме останале должни на некого, ниту ќе останеме должни, ниту имаме било каква концесија. Ситуацијата е веќе уредена и договорена со спогодби. Афера можеби сакаат да прикажат дека има, меѓутоа дефинитивно е далеку од криминал или од некое незаконско постапување, дециден беше Игор Јанушев.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...