ВМРО-ДПМНЕ застанува зад сите барања на глувите и глувонемите лица

Интегрален текст од изјава за медиуми на Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денеска имавме средба со претставници од здруженијата на глувите и глувонемите во Република Македонија. Овие лица, оваа загрозена категорија искажаа вистина загрижувачки и алармантни пораки во однос на нивниот статус во државата.

Од таа причина како идна власт и како ВМРО-ДПМНЕ застануваме зад сите нивни барања и ја упатуваме оваа порака до македонските граѓани дека ВМРО-ДПМНЕ веднаш по 12-ти април ќе пристапи кон итна имплементација на нивните неопходни потреби.

Денеска нашите сограѓани не информираа дека бараат покачување на додатокот за глуви и глувонеми, и ние ветуваме дека истиот додаток ќе го примениме и од 4.000 ќе дадеме 6.000 месечен додаток.

Исто така ветуваме дека ќе биде имплементиран законот но и дека ќе има измени и дополнување на законот за знаковен јазик, како и заживување и примена на законските обврски во сите државни институции.

Оттаму нивните барања се дека толкувачите на македонскиот знаковен јазик треба да бидат под министерството за правда со третман како и останатите преведувачи од гласовните јазици. Дека е неопходно да се воведат сервисни центри кои ќе им обезбедуваат толкувачи за глувите лица за сите нивни потреби, и приватни и пред државните институции. Дека е неопходно организирање на редовни обуки за изучување на знаковниот јазик како што е предвидено за остручување на доволен број на толкувачи кои ќе можат да ги опслужуваат другите лица во државата. И секако да се предвиди буџет за ангажман на толкувач во секоја институција пред се во судовите, обвинителството и полициските станици, за секое глуво лице кое има потреба да се јави во постапка пред испит. Таа обврска стои моментално во законот за употреба на знаковниот јазик но не се практикува.

Почитувани,

Евидентно е дека овие три години СДСМ направи пустош од нашата држава. Евидентно е дека без оглед на законите редот и поредокот се раководи од тесно партиски племенски центри кои го узурпираат и уништуваат целокупниот државен институционален систем.

Од таа причина евидентно е дека Владата на СДСМ остана глува за глувите и за луѓето со попречен говор или глувонемите кои навистина имаат неопходна потреба да бидат третирани еднакво како и останатите граѓани.

Бидејќи Уставот на Република Македонија предвидува еднаква застапеност на сите пред државните институции и овозможување на социјалната правда која им е неопходна за да тие да можат да го почувствуваат својот живот.

Оттаму ја поздравуваме нивната иницијатива и застануваме спремни за нивните барања и ветуваме дека по 12-ти април за шест месеци најдоцна од моментот од формирање на Владата, сите овие барања ќе бидат имплементирани и ќе се испочитуваат.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....