Вељаноски до Сугарески: Зошто година дена ништо не се работи на патот Кичево-Охрид?

Пратеникот Трајко Вељановски на денешната собраниска седница го праша лично министерот транспорт и врски зошто година дена ништо не се работи на патот Кичево-Охрид и дали проблемот е до него како министер, дали е до Владата или пак до министерството за финансии?

-Анексот број 3 на договорот овдека во Собрание е изгласан на 12.11.2018 година, а потпишан на 16.11.2018 година. После година дена ни доставувате договор Закон за гаранција за да може да да се повлечат тие 179 милиони долари, година дена ли ви требаше? Кој е крив што година дена требаше да ни го доставите овој закон за да може да ги повлечете средствата за да може да се гради и затоа година дена ништо не се градеше. Објаснете ми мене, на пратениците и јавноста, зошто ви требаше година дена да ги повлечете 179 милиони долари и да доставите закон да се повлечат од Кина овие 179 милиони, и во анексот пишуваше се дека 179 милиони? истакна пратеникот Вељаноски.

Тој во своето обраќање праша дали можеби поранешниот министер Тевдовски не сакал да го потпише договорот за гаранција за 179 милиони.

– Дојде новата министерка Ангеловска одма се нафати и потпиша 179 милиони и го доставивте договорот. Објаснете ми зошто ви требаше како влада година дена да го доставите законот за да може да ги повлечете средствата 179 милиони долари и за да може да се гради, порача пратеникот Вељаноски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...