Николоски: Со ставањето на Македонија во група со Албанија, Заев му враќа услуга на Рама

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за дневникот на ТВ Алфа посочи дека со ставањето на Македонија во група со Албанија, Заев му враќа услуга на Рама.

Има многу работи кои што за жал се заеднички во владеењето на Заев и на Еди Рама, прво тоа е корупцијата, а второто е криминалот, третото е марихуаната, има доста работи кои што ги спојуваат и на кои што ние се спротивставуваме и како ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија во Албанија, појасни Николоски.

Николоски истакна дека ќе се најсреќни ако Албанија е на исто ниво на развој како Македонија, или уште да е поуспешна бидејќи на Македонија и се потребни успешни соседи.

Албанија тоне во корупција и Албанија има силни структурни проблеми внатре во државата. И да ја ставите Македонија со сите проблеми кои што и Македонија ги има, но сепак да ја ставите во група со Албанија или е тотален аматер или да имате договор како што има Заев со Рама, и заради тој договор мора да исплаќате концесија. Да ја потсетам македонската јавност Заев стана премиер заради

Тиранската Платформа. Таа Тиранска Платформа ја направи Еди Рама. Ставањето на Македонија во група со Албанија, Заев му враќа услуга на Рама, многу е едноставно, додаде Николоски.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...