Мицкоски ќе се обрати на конгресот на ЕПП- На агендата билатерални средби и состанок со Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Александар Николоски, членот на ИК и секретар за меѓународна соработка Влатко Ѓорчев и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и претседателката на комисијата за надворешни работи Христина Рунчева-Тасев ќе присуствува на дводневниот самит на Европската Народна Партија (ЕПП)  кој денес (20.11.2019) и утре (21.11.2019) се одржува во Загреб, Република Хрватска.

Мицкоски во рамки на самитот ќе оствари повеќе билатерални средби со европски лидери чии партии се дел од Европската Народна Партија во рамки на самитот во Загреб.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски ќе оствари средба и со Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск кој единствениот кандидат за лидер на Европската Народна Партија.

Исто така Мицкоски ќе има свое обраќање пред европските лидери за време на самитот на ЕПП.

На самитот присуствуваат поголем број на европски лидери како актуелниот претседател на ЕПП Жозеф Дол, Претседателот на Европската Комисија во заминување, Жан-Клод Јункер, идната претседателка на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, германската канцеларка Ангела Меркел, австрискиот канцелар Себастијан Курц.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....