Министерот Сугарески бше истиот човек којшто во 2014-та кога носевме закон за земање на заем за овој проект скокаше од говорницата, сега истиот тој не убедува да се задолжиме дополнително затоа што владата не успеа да го сработи проектот за трасата, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска од собраниската говорница.

-Денеска е на дневен ред Предлог законот за измени и дополнувања на законот за инфрастуктурни проекти за изградба на патната делница Кичево-Охрид, кој министерот Сугарески збунето лани се обудуваше да го брани, на „најспособната“ влада во историја на Република Македонија и беше потребна цела година да пушти закон во собрание за гаранција на Република Македонија на обврските по заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, истакна Лашкоска и додаде:

„Треба да се потсетиме каков театар имаше на левата страна од собранието, каде што седеше и Сугарески и претставници на СДСМ во моментот кога го носевме законот за заем за изградба на автопатот Кичево-Охрид со најголема забелешка за каматната стапка од 2% на годишно ниво за договорот со Експорт Инпорт банката на Кина, сега Сугарески излегува дека истата каматна стапка од истата банка била одлична идеја, вели пратеничката“.

Имено, според Лашкоска, владата во образложение ни наведува дека зема кредит за непредвидени работи во текот на работата со изградбата на делницата и ова е откритие за СДСМ дека за свлечишта или за широк ископ, повлекување земјени работи, само човек што нема сработено не предвидува дека ќе има провлекување на вакви работи во текот на изградбата.

Таа вели дека кога СДСМ е на власт во Македонија не сработуваат ништо, лажат и повторуваат едно исто, но вистината излегува на виделина.

-За овој проект на ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека е промашена трасата, само граѓаните и економијата трпат штета од ваквото неработење и функционирање на оваа влада. СДСМ треба да се извини на граѓаните на Република Македонија затоа што не успеа за три години да го продолжи со работа на штета на граѓаните, дополни таа.

Овој заем е само еден од ред на задолжувања, којшто ги има направено оваа влада, за последните 4 месеци ја задолжија оваа држава за 270 милиони евра, а министерката Нина Ангеловска со 5 задолжувања откако е министер, а ниту еден капитален проект.