-Редно време е во оваа држава политичарите да го практикуваат тоа што го проповедаат пред граѓаните,едно е јас да ви кажам ќе ја ставиме Македонија на брз трака, тоа е политичка флоскула, ние како политичка партија моментално подготвуваме стратегија којашто за многу брзо време ќе биде презентирана пред јавноста, како тоа можеме да го направиме, вели Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување за „Слободна ТВ“.

Тој истакна дека не е само да се каже што треба да се направи, туку треба да се презентира тим и стратегија како ќе биде реализирано, не може пред граѓаните една политичка партија да ветува дека преку ноќ ќе се променат состојбите.

-Можеме да ветиме пристоен, чесен и работлив однос, којшто со кохерентни политики ќе биде насочен да го реализира она што ние го велиме „брза трака“. Брзата трака примарно започнува од нас , луѓе коишто сме активно вклучени во политиката, ние да не се занимаваме на почетокот на мандатот со вработувања на наши блиски во јавниот сектор, да не се занимаваме со доделување тендери и лиценци во различни области на пријатели, вели Муцунски.

Муцунски посочи дека на крај памет не треба да му биде на функцинер од власта да се јавува на судии и јавни обвинители и во првиот момент кога ќе се отвори истрага против некој функционер тој треба времено да се повлече од функцијата, можеби ќе докаже невиност, но товарот за тој функционер е голем.