Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски на 40-тина денови пред заминување преземаат очајнички чекори во обид да го задржат политичкото влијание врз полицијата

Интегрален текст од изјава за медиуми на Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Се ближи крајот на неконтролираната злоупотреба на институциите од страна на Зоран Заев и неговите послушници. Министерството за внатрешни работи и полицијата од јануари ќе добијат соодветна контрола, а од 12 април, после промената на власта, ќе бидат целосно во функција на граѓаните во борба против криминалот.

Зоран Заев и Оливер Спасовски го знаат тоа и сега на 40-тина денови пред заминување и формирање на техничка влада, преземаат очајнички чекори во обид да го задржат политичкото влијание врз полицијата.

Оливер Спасовски со мали прекини е веќе четири години прв човек во Министерството и дури сега на 40 дена пред заминување, му текнува да предложи измена на систематизацијата.

Потценувачки и за граѓаните и за вработените во МВР.

Со новите измени во Актот на систематизација се креираат локални шерифи за кои Заев и Спасовски се надеваат дека ќе работат по нивна наредба, а не по закон. Двајцата се надеваат дека со новата систематизација ќе ги скратат ингеренциите на новиот технички министер.

Заев и Спасовски гледаат дека губат и затоа се обидуваат да формираат посебни полициски единици кои сакаат да им бидат под целосна партиска команда.

Измените во Актот за систематизација непосредно пред формирање на техничка влада јасно кажува дека Заев го минира идниот технички министер од ВМРО-ДПМНЕ.

На Заев не му одговара независно МВР. Заев и Спасовски сакаат полиција под контрола на партијата.

Измените во Актот на систематизација се изигрување на договорите помеѓу политичките чинители во Република Македонија.

Реформи во политиката се неопходни, но не на овој начин. ВМРО-ДПМНЕ бара Заев и Спасовски да ја повлечат систематизацијата и да престанат да си играат со државата и институциите. Предупредуваме дека после 12 април одговорност ќе има за сите оние кои нема да постапуваат по закон, а нема да може да ги заштитат ниту Заев, ниту Спасовски. Ги охрабруваме чесните професионалци во МВР да продолжат да ги документираат сите незаконитости и да информираат за скандалозното раководење.

Граѓаните не се плашат од заканите на партиските шерифи на СДСМ. На граѓаните им е преку глава од лошите политики, нарушената безбедност и целата несигурност во изминативе три години. На 12 април СДСМ заминува во историјата.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...