Jасно е дека економијата водена од измамникот Заев не може да донесе ништо добро за граѓаните

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Фатмир Битиќи

Економијата е стабилна само во растот на долгот кој достигна рекордни 5.4 милијарди евра. Стабилен е и дефицитот, кој Заев го креира три години по ред без ниту една капитална инвестиција. Триста милиони евра годишно троши Заев повеќе отколку што има прилив во буџетот, а тие пари одат за луксузирање и коруптивни тендери. Раснат во континуитет и непродуктивните трошоци заедно со „ќе“ ветувањата на власта.

Идното време на „Ќе проектира, ќе придонесе, ќе помогнат, ќе се зголеми“ , никако да дојде затоа што јасно е дека економијата водена од измамникот Заев не може да донесе ништо добро за граѓаните.

За СДСМ реформи се лажното зголемување на платите на професорите и наставниците кои требаше да добијат 36.600 денари, а не 26.000. 11.000 денари месечно ги чини просветните работници оваа лага на Заев бидејќи тие пари им следуваа според закон и според колективен договор.

На Заев сега му текна дека е време за економски реформи, кога состојбата во македонската економија е катастрофална. Три години најавува економската година, а од истата видовме само дополнителни задолжувања коишто ја ставаат државата во многу опасна ситуација.

СДСМ украде пари од граѓаните со прогресивниот данок нанесувајќи и штети на економијата бидејќи многу компании ги преселија бизнисите.

Затоа време е да се понесе одговорност. Заевото “извинете” веќе не е доволно.

Мерката „Мој ДДВ“  само придонесува да се зголемат буџетските трошоци и ефектот од истата ќе биде скоро невидлив.

Иронично е владата да зборува за раст кога капиталните инвестиции коишто се клучни за постигнување ефективно раздвижување на економските параметри, владата ги намалува.

Помина цела година, а СДСМ повторно со истите лаги за спроведени некакви си реформи сега ги убедува земјоделците дека зелена нафта има, иако картичките требаше да бидат поделени годинава во април, а најголем дел од земјоделците не ги добија.

СДСМ зборува за потрошувачката кошничка на граѓаните , а според извештајот за третото тримесечје од 2019 година откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 6.6% во однос на истиот период  лани.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 4.7 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 8.9 % според ДЗС.

СДСМ да престане да зборува за странски инвеститори и за поддршка на компаниите, затоа што со своите мерки не овозможува позитивна бизнис клима во државата. Функционерите на власта не знаат да набројат три инвестиции коишто оваа влада ги реализирала во Македонија.

Граѓаните заслужуваат да живеат достоинствено со влада којашто ќе се грижи за нивните проблеми и која ќе спроведува мерки кои ќе креираат позитивна клима за силен економски раст.

ММФ критикуваше и нотираше многу проблеми за функционирањето на економскиот систем и јасно е дека со политиките на СДСМ нема да се намали сиромаштијата. Македонската економија не оди на прав пат, оди во тотален банкрот поради неспособната влада.

Тоа ќе се смени на 12 април , кога измамникот Заев и неговите корумпирани соработници ќе бидат казнети на изборите.

Следува обнова на Македонија.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...