Додека Владата ги претставува своите „ЌЕ“ проекти на терен, не се превземаат никакви мерки за спречување на загадување на воздухот

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Жаклина Пешевска, пратеник од пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ 

Почитувани,

Сакам да изразам огромна загриженост во однос на проблемот кој секојдневно ни се наметнува како еден од главните и приоритетни проблеми во нашето живеење, а тоа е загаденоста на воздухот.

Изминатиов период бележиме алармантни статистички податоци кои ги добиваме од светските организации, но и огромен број на реакции од граѓаните во однос на енормно загадениот воздух во градовите ширум републиката.

Додека Владата ги претставува своите „ЌЕ“ проекти веќе трета година од своето владеење, на терен евидентно е дека не се превземаат никакви мерки и активности за спречување и намалување на овој проблем, и секојдневно се соочуваме со незапаметено загадување на воздухот. Власта се прави слепа на податоците и не превзема никакви мерки на фактот дека  Скопје, Тетово, Куманово и други поголеми градови секојдневно се наоѓаат во топ 5 најзагадени градови во светски рамки.

Како пратеник кој доаѓа од Општина Гази Баба, морам да напоменам дека како и во неколку други општини во град Скопје, така и во оваа, мерната станица, од сомнителни и неразбирливи причини не е во функција веќе извесен период. Но и без тоа граѓаните чувствуваат дека воздухот во Општина Гази Баба е загаден. Пред само неколку дена, се појавија шокантни податоци за присуство на ПМ 10 честичките во воздухот во Општина Гази Баба за потоа да слушнеме дека мерната станица не била исправна, а податоците не биле релевантни.

Периодов од заменик министерот за животна средина и Владата се изнаслушавме разноразни изјави со кои се обидуваат да го релативизираат проблемот со загадениот воздух во Македонија, велејќи дека дури 90% од населението во Европа диши загаден воздух. Оваа теза ја промовира истиот тој заменик министер за животна средина кој два дена се криеше од јавноста и избегнуваше да даде одговори за хаваријата која што се случи пред неколку денови во фабриката „Охис“.

Ова е крајно лицемерно и неодговорно однесување на власта во однос на ова прашање, бидејќи токму СДСМ во предизборието на големо ветуваше живот за сите, чист воздух за сите и се обврза да го намали загадувањето на воздухот до 2020 година во: Скопје до 50%, а во другите градови од 30 до 50%. Како и за сите останати работи и од ова произлезе уште една голема лага и предизборна манипулација која СДСМ ја пласираше пред граѓаните со цел да ја добие нивната доверба, но за жал тие останаа измамени.

Токму затоа во овој токсичен амбиент повеќе од 3.500 луѓе годишно умираат од болести поврзани со аерозагадувањето, а останатите гледаат што побрзо да ја напуштат државата.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...