Арсовски: Заев, Ангеловска и СДСМ повторно ја задолжуваат државата и граѓаните

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Нина Ангеловска и Зоран Заев денеска повторно ќе ја задолжат Република Македонија за нови 65 до 67 милиони евра.

Четири месеци како е министер Нина Ангеловска, има пет задолжувања во вредност од над 270 милиони евра и ниту еден капитален проект кој што може да се види со голо око.

Психолошката граница од над 50% задолжување е одамна помината и граѓаните и државата секојдневно живеат во неизвесност.

Најкрупниот проект на новата министерка е враќањето на рамниот данок по примерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека државата се води недомаќински. Секое ново задолжување само ја покажува развратноста на Владата во делот на финансиите. Нема ниту еден капитален проект реализиран. Жалосно.

Реализацијата на капитални инвестиции и сумата на странски инвестиции директни влезени во Република Македонија во моментот се историски најниски.

Заклучно со септември капиталните инвестиции се 37.6%, значи 3 од 4 квартали не е постигнато ниту 40% од планираната реализацијата на капиталните инвестиции и тоа планирана со ребаланс на буџет.

Новиот Буџет кој го предвидуваат СДСМ, Заев и Нина Ангеловска ќе биде историски најголем, со историски најголема сума нето задолжувања идната година  каде што стотици милиони евра ќе се задолжи нето државата само во 2020 година.

Капиталните инвестиции повторно ќе бидат драстично пониски и од оваа година.

Почитувани,

Економскиот тим на Владата потфрли.

Казната за ова потфрлање ќе ги стигне на 12 април на денот на изборите.

Потоа следи обнова на Македонија и реобнова на економски план во целата држава.

 

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...