АНБ е под целосна контрола на СДСМ, соработникот на Заев, Јовче Ременски изнесува класифицирани информации

Соопштение до јавноста

СДСМ го крахираше безбедносниот систем на Република Македонија. СДСМ ги загрозува НАТО аспирациите преку непочитување на принципите за постапување со класифицирани информации.

Соработникот на Зоран Заев, Јовче Ременски, висок функционер во УБК, а сега АНБ, изнесувал класифицирани информации, списи и докази и ги чувал како архива во сопствениот дом, спротивно на сите закони и процедури.

Пронајдените документи со имињата на сите инволвирани полициски службеници, сведоци, докази и соработници во случаите Монструм и Диво Насеље во домот на Јовче Ременски, отвораат сомнеж за неговите намери.

Дали соработникот на Заев, Јовче Ременски, со тие информации имал намера да уценува, да се заканува или да заштитува некое од тие лица? Дали Јовче Ременски е вмешан и во бришењето и исчезнувањето на двата телефони на неговата сопруга, осомничена во случајот Рекет?

Агенцијата за Национална Безбедност е под целосен сомнеж дека е под контрола на СДСМ и соработниците на Заев, како што е Јовче Ременски. Од таму нема ниту отворена постапка за истрага на случајот, ниту суспендирање на Ременски. Сите од власта молчат за овој скандал.

МВР и Оливер Спасовски очигледно е дека не можат да гарантираат за безбедноста на материјалите, а не пак да гарантираат за безбедноста на целата држава. Уште колку функционери на СДСМ си имаат дома архиви од класифицирани материјали?

Криминалните афери се множат, а властите молчат и се штитат еден со друг. Одговорноста ја одбегнуваат, но не за долго. Граѓаните не сакаат да живеат во крахирано општество. Тие ќе бидат тие кои што ќе ја пратат СДСМ во историјата на 12 април 2020 година.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...