Од измамникот Зоран Заев, чесен човек и чесен политичар не бидува, тој се грижи само за сопственото бoгатство

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

Од измамникот Зоран Заев, чесен човек и чесен политичар не бидува. Заев е уплашен политичар во заминување, кој единствено се грижи само за сопственото бoгатство.

Лентата му е заглавена на лажење, па повторно ги манипулира граѓаните со нови лаги од типот само што не дошла инвестицијата на Гугл, Фејсбук, Фолксваген, 300 пилоти, чист воздух и слично. Но веќе никој не му верува.

Патот на Македонија на чело со Заев води кон амбис. Тој се обидува со кавали, баклави, тепсии и слични флоскули да ги замајува граѓаните, додека во меѓу време бизнисот со марихуана цвета, се богатат фирмите од картелот на власт, фирмите на Жути добиваат тендери, а фрчи рекетот во Луј Витон торбите. Заради неуспесите и корупцијата на Заев економијата ни е во колапс, здравството пропаѓа, земјоделието се гуши во проблеми, образованието нема реформи, 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, младите забрзано се иселуваат и целиот систем се урнисува.

Заев безочно излажа дека за изборот на државен Ревизор му е крив некој друг. Не. Виновни се самите тие во коалицијата на власт, затоа што не можат да се договорат и самите го одложуваат тој избор. Но јасно е зошто тоа го прават. Тие би биле најсреќни ако нема ваква институција, за да не им пречи никој во раскрчмувањето на народните пари. Состојбата со државната ревизија е иста како со Бирото за јавни набавки кое го укинаа за тендерите да ги добиваат сомнителни фирми формирани неколку дена пред јавната набавка.

Граѓаните веќе гледаат дека со Заев на власт единствено што е организирано е криминалот и корупцијата. Токму тие се белегот на секоја јавна набавка или тендер кои неговата власт ги прави, бидејќи криминалната врхушка на власт се води од принципот “Ако Помине Помине“. Е веќе не поминува. Граѓаните ќе ја казнат оваа криминална власт, и обновата на Македонија ќе отпочне од април кога државата ќе биде ставена на брзата лента на напредокот.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.