Македонија се празни затоа што граѓаните немаат сигурност и стабилност поради власта која што ја предводи државата

Интегрален текст од изјава за медиуми  на Димитар Димовски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денеска сме во Берово со цел да ја продолжиме кампањата Обнова на Македонија. Во оваа кампања главна цел ни е да ги слушнеме проблемите на граѓаните секаде каде што присуствуваме, затоа денеска сме и тука за да ги слушнеме проблемите на граѓаните на Берово.

Воедно да ги слушнеме и нивните идеи, воедно и идеите кои што ќе ги дадат граѓаните во иднина да ги преточиме во програма со која што програма ќе настапиме на предвремените парламентарни избори на 12-ти април следната година. За генералните проблеми сите сте свесни, свесни сте колку неспособниот радикализам на Зоран Заев ни го уништува секојдневието, ни го прави животот мачен и тежок, едноставно невозможен.

Свесни сте дека Берово и сите останати населени места во Република Македонија се празни, за жал празнењето веќе не е од економски причини, празнењето е поради тоа што младите па и возрасните луѓе немаат сигурност, никаква стабилност во Република Македонија и сето тоа поради власта која што ја предводи државата. Не гледаат иднина, не гледаат перспектива и затоа ја напуштаат нашата држава и заминуваат во странство, за да најдат каква таква сигурност и безбедност за нив и за нивните семејства.

На 12-ти април не очекуваат предвремени парламентарни избори на кои секако неизбежна ќе биде промена, избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе формира влада која што ќе ја предводи државата во иднина. Главна цел на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде уште од 13-ти април да започне со обновата на Македонија, да ја зачуваме Република Македонија, да го вратиме нејзиното достоинство, да ги вратиме интегритетот и суверенитетот на државата кои што оваа власт ги уништи.

Да не должам многу, Тимчо Муцунски како колега од ВМРО-ДПМНЕ од Извршниот Комитет ќе каже уште неколку зборови. Ви благодарам Ви благодарам што се собравте во толкав број, ви благодарам за сите идеи кои што ги дадовте, гледаме дека има идеи. Да знаете дека сите идеи кои што ги дадовте денеска и сите проблеми кои што ги изложивте ќе бидат сериозно земени во предвид и се што можеме да внесеме во новата програма, ќе биде внесено во програмата. За крај само ќе напоменам дека на нечесноста, на неморалот, на Луи Витон ташните, на полињата со марихуана и занимавањето со дрога на функционерите на власт, мора да им ставиме крај.

Мора да ставиме крај и на владеењето на стравот, крајно време е народот да се ослободи од овие стеги, време е народот да си ги добие своите права, да го добие сето она што го заслужува и да го гледа својот просперитет и перспектива во Република Македони

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...