ДКСК потврди дека СДСМ и Зоран Заев со месеци ја лажеа јавноста кога го клеветеа Христијан Мицкоски

Соопштение до јавноста

Зоран Заев лажел и заедно со неговите мегафони ширеле лажни вести кога измислуваа судир на интереси при изградба на мали хидроцентрали во кои Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски имал удел во минатото.

ДКСК вчера со едногласна одлука потврди дека немало судир на интереси и дека концесиите за изградба се добиени уште пред Христијан Мицкоски да стане советник во владата.

ДКСК потврди дека СДСМ и Зоран Заев со месеци ја лажеа јавноста кога го клеветеа Христијан Мицкоски. Заев свесно лажеше и ја манипулираше јавноста во обид да го прикрие сопствениот криминал.

Зоран Заев е криминоген лик кој мисли дека сите се криминогени како него. Тој е единствен премиер во Европа неколкукратно аболициран за криминал.

За разлика од Заев, Мицкоски е чесен политичар, со принципи и вредности.

Тие две крајности ќе се соочат на 12 април, кога граѓаните ќе имаат можност да бираат помеѓу криминогениот измамник Заев со политиката ,, евро за Вицето, евро за црквата ” и политиките за обнова на Македонија кои имаат за цел Македонија да ја стават на брза трака кон ЕУ и општ економски напредок.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...