Пешевска: Зголемувањето на платите треба да е последица на зголемување на продуктивноста, не популистичка мерка на владата

Жаклина Пешевска пратеник во собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница денеска истакна дека платите треба да се зголемат со зголемување на продуктивноста на трудот и растот на екомонијата, не на ваков популистички начин како што го прави владата за собирање политички поени.

-Зголемувањето на платите треба да е последица на зголемувањето на продуктивноста , но тоа не е така. Овој закон владата на СДСМ го предложи во скратена постапка и имаме забелешка дека повеќе од 50 % од законите кои што се носат во ова собрание се по скратена постапка. Растот на платите треба да се темели на две основи, зголемувањето на бруто националниот доход, раст на производстсвото, надворешни инвестиии, збогатување на внатрешниот сектор, вели Пешевска.

Пешевска исто така истакна дека Светска банка во својот извештај  ја предупредила  владата за опасноста од популистички мерки на зголемување на плати притисок, и онаму каде не постојат услови за поддршка на компаниите кога имаме намалување на продуктивноста  на трудот. Се врши притисок на полето на распределбата со тоа што се зголемуваат трошоците на работењето на компаниите, а некои од нив ќе престанат да работат.

Таа вели дека според методологијата на Светска банка се зголемил бројот на семејствата кои спаѓаат во средна класа.  Докажано е дека компаниите на кои им се зголемиле трошоците по основ на плати во просек успеваат 80 проценти од зголемувањето да го префрлат преку цените на крајните потрошувачи т.е цените на производите и ние тоа сите го чувствуваме. Услугите се поскапени во сите области, и имаме една погрешна економска основа за развој на економијата. Имаме влошување на економската состојба во однос на други земји и треба да се вратиме дефинитивно на економски реформи за да го подобриме деловното опкружување, само на тој начин може да се доведе до подобрување на економијата и животниот стандард.

-Во нашата програма на ВМРО-ДПМНЕ за 2019–та година имавме понудено минимална нето плата од  15.000 денари за 2019 година значи поголема од 14.500 денари и во програата овој проект се базираше на сериозни економски статистички податоци, не само со популистички закони како овој во предизборен период со недоволно објаснување. Ние како ВМРО-ДПМНЕ не сме против зголемување на платите, но не на ваков популистички начин, вели пратеничката.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...