Пратеничата група на ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на односот на СДСМ кон важните прашања од сферата на одбраната и безбедноста

Соопштение до јавноста

Пратеничата група на ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на односот на СДСМ кон важните прашања од сферата на одбраната и безбедноста во врска со закажаната денешна седница на Комисијата за одбрана и безбедност.

Кога станува збор за законски решенија од областа на одбраната и безбедноста, забележливо е постојано менување на ставовите и начинот на делување на СДСМ во Собранието на Република Македонија.

Имено, првично двотретинските законски решенија заеднички ги преговараваме, усогласувавме и гласавме во Собранието. Потоа тие преминаа на нова стратегија, одредени закони ги усогласивме, заеднички ги предложивме и изгласавме во прво читање, но потоа од неразбирливи причини помеѓу првото и второто читање, со еднострани и неусогласени амандмани, злоупотребувајки го мнозинството во комисиите, тие комплетно го поништија заеднички усогласеното и договореното.

Најнова фаза од конфузното однесување кое го демонстрира СДСМ е ставот за двотретинските закони, каде тие ја одбиваат понудената конструктивност од пратениците на ВМРО ДПМНЕ за разговори и постигнување договор околу законски решенија важни за нашите НАТО и ЕУ интеграции. Да биде ситуацијата уште подраматична, денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност е закажана и ќе се одржи во исто време со одржувањето на пленарната седница на која пратениците, како од мнозинството, така и од опозицијата имаат потреба од присуство и ангажман. Очигледно, СДСМ повторно има намера да ја опструира работата на Комисијата и на секој начин се обидува да оневозможи поширока дебата помеѓу пратениците за важните законски решенија.

Дополнително, предупредуваме дека во најава е уште еден скандал. И покрај едногласната одлука на претходната седница на Комисијата за одбрана, Законот за служба во Армијата да се разгледа по редовна постапка, поради тоа што нема ниту еден издржан аргумент законот да оди во скратена постапка како што првично беше предложен, сепак сеуште законот на сајтот на е – парламент стои како предлог на Закон во скратена постапка.

Најверојатно на владеачкото мнозинство му се брза и токму затоа планира ново девалвирање на Собранието и непочитување на Деловникот и пропишаните процедури. Сето ова, јасно укажува и покажува дека во моменти на паника и нервоза, во период кога наближува датумот за предвремените парламентарни избори и нивниот пораз е се поочигледен, се повеќе и повеќе, односот на СДСМ се претвора во однос на тоталитарно владење и демонстрирање на сила.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...