Јанушев:Предлог буџетот за 2020 година е обид за поткуп од страна на Заев и СДСМ

Предлог буџетот за 2020 година е обид за поткуп, но гласачите нема да наседнат на тоа. Потценувањето и манипулирањето со сопствените граѓани од страна на Заев и СДСМ не поминува!

Криминално-рекетарската банда на Заев планира да потроши 3,9 милијарди евра на популистички проекти, а ниту денар за капитални инвестиции, нема пари за автопати, водоводи, нема пари за образовни објекти, енергетски капацитети …

И не само што крати од капиталните инвестиции кои се еден од главните двигатели на економијата, Заев ги залажува и пензионерите. Прво, им скрати 3 години по ред по 600 денари или вкупно 1800 денари, за сега да им ветува 700 денари.

Понатаму, покачувањето на минималната плата со која се фали не се реализира во пракса, работниците се принудени да враќаат дел од парите на рака, а институциите не преземаат ништо во однос на тоа.

И додека се “крои” новиот буџет, оној кој беше најавуван како “all-star” за економија и финансии во бандата на Заев – Кочо Анѓушев, го гледаме како бега од “бродот кој тоне”, со изговор дека приходите во неговите компании опаднал драстично.

“Фероинвест ДОО” во 2017 година остварил нето добивка од 50.4 милиони денари, а во 2018 – 77.7 милиони денари, односно раст од 54%, а “Брако ДОО” во 2017 година има нето добивка од 28.7 милиони денари, а во 2018 – 69.9 милиони денари или раст од 143%.

Значи, а се отвори уста, а се излаже!!!

Поврзани вести

Предлог мерки за помош на спортистите, спортските работници, клубовите и вработените во спортските федерации и објектите за спорт поради пандемијата со вирусот Ковид – 19

Интегрален текст од прес конференција на Влатко Неделковски Почитувани, Jа поздравуваме намерата на владата...

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....