Вељановски до Заев: Од она што направивте до сега најдобро знаат граѓаните и тоа ќе ви го кажат на 12-ти април

Има една констатација господине Заев. Во министерството за здравство во овие две години имаше тројца заменици министри и двајца министри. Значи нон-стоп се менува екипата која што треба да го води министерството за здравство, ова денеска од собраниската говорница до премиерот Зоран Заев го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски.

-И ќе Ве потсетам, значи на секоја реконструкција на владата, ќе Ве потсетам на Вашето ветување. Во програмата „За живот” вие ветивте дека владиниот кабинет нема да биде повеќе од дваесет луѓе. Тоа беше Ваше ветување. Не треба да се лажат граѓаните дека ќе се грижите да има помал владин кабинет, кога сега го зголемивте на 27. Инаку, од она што е направено знаат најдобро граѓаните и тоа ќе ви го кажат на 12ти април. Еве сега пред избори Ви текна на јавната администрација, па решивте минимално да им ги покачите платите. Јас како што имам информации министерката за финансии не сака да го потпише покачувањето, затоа што знае дека тоа е во голем дел, условно да кажам, криминал, рече Вељановски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.