Стојаноска до Заев: Здравството ни тоне се повеќе и повеќе, ни треба нов министер

На денешната собраниска седница, пратеничката Дафина Стојаноска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека здравството е во ваква состојба бидејќи имаме неспособен министер, кој што освен местење тендери ништо друго нема сторено за здравството.

-Прашањето денес е зошто Асим Муса си поднесе оставка? Требаше Вие како премиер да дадете ваш коментар за неговото однесување или барем осуда за истото. И во суштина денес нудите ново име за заменик министерот за здравство кој што ни доаѓа од Струга како предлог од вашиот коалиционен партнер, а повторно за министер останува човекот што е носител на сите коруптивни тендери и скандали во здравството изминативе две години, додаде Стојаноска.

Стојаноска посочи дека уште во јуни требаше да се направи смена на Филипче како најкоруптивен министер во Вашата Влада, министер кој што освен местење сомнителни тендери ништо друго нема сработено.

-Премиере, здравството ни тоне се повеќе и повеќе. И тука не знам дали и колку може да помогне еден нов заменик министер за здравство. Овде ни треба нов министер, премиере. Министер кој што ќе седне со сите засегнати страни и ќе ги сослуша од почеток и ќе им даде отчет за се што досега не е реализирано, истакна Стојаноска.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...