Муцунски кон Талески: Ширите лажни вести на дебати, а немате капацитет да се зафатите со решавање на високата корупција

На тв дебата на емисијата „Само вистина“ вечерва по обвинувањата од страна на Дане Телески советникот на премиерот, дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бил против добивањето на датум за преговори, Муцунски одговори дека се извртуваат тези и дека се продолжува со ширење на лажни вести на дебатните емисии, а опозицијата две години наназад работи за да помогне во процесот на добивање на датум за преговори.

-Се сведуваме на следното дека владата нема одговор на прашањрто зошто нема една сериозна реформа во правосудството, немате одговор на прашањето дали е нормално премиер да му се јавува на градоначалник да влијае врз одлука на Судски совет, кажувате за политички диктиорани пресуди, цела држава може да види Јутуб како се бара мито а да имаме ослободителна пресуда, вие кажувате се е различно, но немате аргументи да посочите што е различно, вели Муцунски.

Тој вели ние во оваа земја имаме невидена политичка апатија која постои кај граѓаните бидејќи имаме влада која што не е фокусирана на решавање на нивните проблеми, секој трет граѓанин живее во сиромаштија, две третини од нашите граѓани не можат да поминат месец до месец без да се задолжуваат реалноста е таква.

-Вечерва слушнавме дека најбараниот критериум на Европската унија а тоа е борбата против високата корупција не било критериум, Рекет е предизвик во борабата со високата корупција, во екот на скандалот обвинителот за висока корупција си отиде на одмор, истрагите се спори затоа што постои очигледен јаз и потребата да се заштитат поединци од вашата политичка елита, подвлече Муцунски.

Муцуски исто така одговори дека кога власта нема капацитет да создава и да се реши со високата корупција и криминалот на политичките елити криви и се сите други и тие за да се заштитат влијаат врз правосудниот систем, тоа не не носи во Еропската унија.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...