Мицевски: Секогаш кога има битна тема за Собранието, за граѓаните, за јавноста, власта сака да избегне дебата

На денешната собраниска седница, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски посочи дека доцнењето за започнување на седницата не е за оправдување.

-Секогаш кога има важна тема за дебатирање во Собранието секогаш се доцни со седниците, и тоа не ни малку пример за транспарентност за која што Владата се фали. Седница закажана за 11 часот, ја започнуваме неколку минути пред 13 часот. Значи веќе очигледно ова преминува во пракса во ова Собрание кога треба да се дискутира за членови на Влада, кога треба да се дискутира за важни точки во Собранието, ние да почнуваме со два часа задоцнување. Сега фали некој од власта, од координаторите да побара еден час пауза до 14, па од 14 до 15 пауза за ручек и можеме ние да дискутираме за состојбите во здравството од 15 или 16 часот, нагласи Мицевски.

Мицевски додаде дека навистина не може да го оправда фактот што седницата претседателот на Собранието ја закажа, и пратеници не добија никакво известување за одлагање на истата седница, односно почеток.

-Знам, дека ќе кажете дека се одржува седница на Влада, но тоа е ваш проблем и проблем на Владата затоа што имаме доволно денови да закажеме седница кога нема седница на Влада. Или кога ќе можеме навистина да почнеме од 11 часот да зборуваме на ваква битна тема. Ве замолувам сами да си направите анализа и да погледнете наназад дали ова што го зборувам дека секогаш кога има битна тема за Собранието, за граѓаните, за јавноста, Владата и Собранието односно власта сакаат да избегнат од дебата и можност за јавноста да слушне што има да каже опозицијата. Ако под ова мислите на транспарентност и отвореност на Владата за сите граѓани се лажат, истакна Мицевски.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...