Ласоска до Заев: Македонскиот јазик не е странски јазик во Република Македонија

На денешната собраниска седница свое обраќање имаше и пратеничката од редовите на ВМРО- ДПМНЕ Благица Ласоска.

Таа го коментираше CV-то на потенцијалниот заменик министер за здравство Арменд Арслани предложен од страна на СДСМ каде го има наведено македонскиот јазик во делот на познавање на странски јазици меѓу англискиот и српскиот јазик.

Ласоска му предочи на премиерот Зоран Заев дека требало да му каже на идниот заменик министер за здравство дека македонскиот јазик не е странки јазик во Република Македонија.

-Во CV-то кое што го има пуштено до Собранието на Република Македонија младиот специјализант господинот Арменд Арслани во познавање на странски јазици замислете запишал македонски, англиски и српски. Господнине Заев вие тука ставате рака на срцето и пред цела јавност велите дека идентитетот ни е бетон, јазикот ни е бетон, требало да му кажете на идниот претпоставувам нов заменик министер дека македонскиот јазик не е странски јазик во Република Македонија, кажа Ласоска.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.