Јанушев:Криминално-рекетарската банда на власт предводена од Заев ќе се обиде на секој можен начин да се задржи на власт

Зоран Заев се однесува како феудалец – земјопоседник на Македонија. Неговите “шибицарски” трикови на фасадирање и потпикување на црните работи под тепих што една деценија ги правеше во Струмица, сега ги применува низ цела Македонија.

Три години кога станува збор за работа, имаме буквална нула. Денес, кога се знае дека ќе има избори се разбуди човекот и ветува плати, пензии, субвенции, а кај да е ќе понуди и бесмртност. Само за пуста фотелја. Па, има ли поголем доказ за тоа колку криминален и коруптивен човек е. Мисли дека со пари може да ја купи душата на народот, која ја испогани со нарушеното достоинство и срамот кој го донесе.

Криминално-рекетарската банда на власт предводена од Заев ќе се обиде на секој можен начин да се задржи на власт. Преку груби манипулации, очекувањата дека Заев е подготвен се да прифати, секое барање, ама буквално се, се остварува.

Иако предизборното ветување од пред 3 години беше 100.000 денари за докторите, Заев и бандата чекаа да дојдат на неколку месеци пред избори, после неколку протести и (најави) за штрајкови, “притиснати до ѕид” прифатија дел од барањата на специјалистите, општите лекари, медицинските сестри и лаборантите. Болничката администрација и персоналот за техничка поддршка се исклучени од зголемувањето.

Повторно го потценува сопствениот народ! Граѓаните на Републила Македонија се мудри и нема да наседнат на манипулациите и лагите!

Крајот ви е започнат, народот доаѓа по своето и на 12-ти Април ќе ви пресуди!

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...