Илиоски: Афера за поткуп на вас како Влада ви е како заштитен знак

На денешната седница во Собранието на Република Македонија, се обрати и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски кој посочи дека за Клинички центар на обезбедени средства, со проект, се, власта го прекина договорот.

-Бидејќи сметале дека треба да се направи Клинички во вредност од 500 милиони евра, а тој во време на оваа власт нема да се направи, со еден збор се случи замајување на јавноста. Да не заборавиме денеска дека дискутираме затоа што имаше афера излезена за заменик министерот, за поткуп. Не знам дали е точно или меѓутоа имаше афера. Афера за поткуп која што се повеќе и повеќе на вас како Влада ви е како заштитен знак,  додаде Илиоски.

Илиоски појасни дека како пратениците веруваат на предлогот кој што го даваат за заменик министер е добар или ќе има успешно работење во својот ресор.

-Досега дававте многу, многу ветувања, толку многу ветувања што на еден начин вие сте во незгодна ситуација да исполните дел од тие ветувања за да се оправдате пред граѓаните што сте направиле.
Да спомнам, број на министерства помалку  од  20, директно зависи од вас. Зошто не го направивте тоа? Чист воздух, кога ќе дојдете на власт воздухот ќе биде чист во Република Македонија. Две ипол години поминаа, не само што не е чист, туку е уште полоша ситуација, истакна Илиоски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...