Владата упорно молчи за деталите од договорот со фирмата „САРХЕМС“

Соопштение до јавноста

Владата во заминување се обидува на криминален начин да испумпа пари од државата.

Владата упорно молчи за деталите од договорот со фирмата „САРХЕМС“, со кој што на човек фирма, формирана 24 дена пред објавување на јавниот повик, треба да и се платат огромни 72 милиони евра.

Рашковски и измамникот Заев ги кријат деталите од договорот и ја лажат јавноста дека фирмата влегува во бизнис во Македонија во јавно приватно партнерство без никаков бенефит од државата. Ги нема да одговорат на прашања кои кружат во јавноста:

Како партнерот ќе наплаќа 9 милиони евра годишно или 72 милиони за 8 години?

Дали и колкав дел од патарини ќе се издвојуваат за овој проект?

Дали споменувањето на зелениот картон од страна на Рашковски, значи дека и тој е во игра за наплата?

Дури кружат гласини дека и на мислењата од институциите им се става степен на класификација за истите да се сокријат од јавноста.

Нетранспарентноста на владата и одвивањето да одговори уште повеќе отвора сомнеж кај јавноста дека е на повидок нов криминал тежок дури 72 милиони евра.

Со 72 милиони евра колку што Заев ќе даде за 8 години може да се купат 15 најсовремени хеликоптери за медицинска итна помош или повеќе од 1.500 најсовремени амбулантни возила.

Време е да се стави крај на криминално рекетарската банда на Заев која си игра со државата и парите на граѓаните.

Крајот на оваа криминална влада се ближи, на 12-ти април ќе дојде обнова на Република Македонија. Денот кога сите функционери кои се огрешиле пред законот и ја имаат злоупотребено својата функција ќе одговараат пред закон.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...