Ласовска: Жената се раѓа со природен капацитет, а ние го препознаваме тоа и инвестираме за личен раст и развој на нашите членки

Соопштение до јавноста

Во тек е обуката на втората група на членки на Женската платформа на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од модулот посветен на управувањето на човечки ресурси.

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, Благица Ласовска ги охрабри жените да истраат, да работат на себе, да се надоградуваат и едуцираат, затоа што според неа тоа е патот до успехот.

-Секоја жена има вроден капацитет кој изобилува со различни способности да се справи со различни ситуации во текот на денот, да изменаџира во семејството, на работа, во партијата. Концептот на успешното менаџирање е да се препознае квалитетот и да умеете да позиционирате вистински луѓе на вистински места,изјави Ласовска.

-Позитивно е што гледам дека не само приватните компании, туку и женскиот свет во една политичка партија ги јакне капацитетите на жените со сет на специјализирани обуки за своите членови да стекнат вештини и знаења за да бидат подобри и да управуваат со промените изјави едукаторката Елена Виларова, специјалист во менаџмент на човечки ресурси.

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ цели кон квалитетни жени на важни улоги во општеството, велат од Извршниот Комитет на Унијата.

-Жените поседуваат квалитет, токму затоа инвестираме во нив, да превземат важни позиции во ова наше општество, да бидат политичарки, министерки, советнички, амбасадорки. Ние жените во ВМРО ДПМНЕ, не сакаме да бидеме само квота или процент, туку сакаме да се издигнеме со квалитет на важни општествени улоги, рече Нермин  Теловска членка на највисокото раководство на УЖ.

Импресиите за учество во овој сет обуки се позитивни, а интересот на жените се зголемува, со тоа што ќе има повеќе генерации кои ќе ги поминат дизајнираните модули наменети исклучиво за жени.

-Многу сум благодарна на ВМРО-ДПМНЕ, зашто не само декларативно,туку и оперативно започна да вложува во унапредување на женскиот интелект во партијата. Реализацијата на Женската платформа на Унијата на жени, ВМРО-ДПМНЕ, не ја прави само про-европска,туку и современа и единствената победничка македонска опција, сподели искуство Виолета Ковачеви учесничка на платформата.

Координаторка на платформата за едукација и доедукација на жените е Ирена Тодороска која го води процесот за јакнење на женските капацитети во рамки на Унијата на жени.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...