Доаѓа времето на обнова на Македонија, ние како политичка партија сме спремни државата да ја кренеме на нозе

Интегрален текст од изјава за медиуми на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Како што можете да забележите денеска во рамки на нашата активност „Обнова на Македонија“ се наоѓаме во Кривогаштани. И овде како и секаде во Република Македонија истите проблеми ги мачат луѓето.

Владее генерално беспарицата, сите се соочуваат со проблемот со иселувањето не само на младите, туку и на сите граѓани на Република Македонија. Практично и да нема човек, да не спомне на овие средби дека дали некој сосед, дали некој од нивното семејство, поблизок се спрема и си заминува од Република Македонија во моментов.

Од друга страна, сите гледаме што се случува на македонската политичка сцена и дека во Република Македонија, единствено нешто што во движење и во прогрес е криминалот, рекетот, корупцијата кои што те како царуваат во редовите во Владата на Зоран Заев.

Доаѓа времето на обнова на Македонија, ние како политичка партија сме спремни државата да ја кренеме на нозе. Сериозно да се исправиме пред предизвикот, што ќе значи обнова на Македонија во практична смисла на зборот. Еднаш засекогаш да завршиме, време е со сите оние остатоци политичари кои што се остаток на транзицијата. И конечно еднаш засекогаш да донесеме подобро утре за сите наши сограѓани.

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...