Пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесе Закон за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ и коалицијата до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Закон за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари донесен од владеачкото мнозинство.

Имено, Законот за трговија зелени пазари го донесе гласачката машинерија на СДСМ во јануари 2018 година во отсуство на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ искористувајќи го отсуството на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието набрзина како и сите останати закони, го донесе овој штетен закон без никаква консултација ниту со пазарџиите, ниту со експертската јавност.

По бројните притисоци од сите заинтересирани страни односно пазарџиите и организаторите на пазарите, примената на Законот, на крајот на јануари 2019 година, беше одложена до почетокот на 2020 година. Ваквото решение беше исклучиво за смирување на пазарџиите кои протестираа во пресрет на најавените претседателски избори.

На 50тина дена до денот на стапување во сила на овој штетен Закон за пазарџиите и организаторите на пазарите, ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата предлагаат истиот да престане да важи.

Ваквото барање за измени на Законот за трговија на зелени пазари за претстанување на важење на Законот доаѓа по консултации со пазарџиите и организаторите на зелените пазари.

Знаеме дека нашиот предлог по вторпат ќе биде одбиен. Сите се свесни дека Зоран Заев ќе прифати се, па дури и одлагање на стапувањето во сила на Законот поради предвремените парламентарни избори на пролет. Но, она што е најбитно дека ниту еден предлог кој ќе биде на предлог на Владата предводена од Зоран Заев нема да го реши проблемот на пазарџиите.

Новата Влада на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе изврши консултации со сите засегнати страни, пазарџии и организатори на пазари и ќе се донесе законско решение со кое ќе се задоволат сите засегнати страни.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...