Граѓаните треба да одлучат и никако поинаку, актуелната власт сруши се во овој период, затоа Обновата на Македонија ќе е потребна и те како, и тоа обнова од темели. Ние зборуваме за обнова на државата која ви е ја руиниравте, рече Дафина Стојаноска, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на телевизија Канал 5 на која учествуваше и пратеникот од СДСМ, Костадин Ацевски.

Според Стојаноска факт е дека одлуката, да нема датум за преговори со Брисел, е донесена зошто не се донесоа и спроведоа реформите како што треба.

-ВМРО-ДПМНЕ активно учествува во реформите. Ние бевме дел и од разговорите за законот за јавно обвинителство, но сега нема ништо од разговори. Едно време беа многу динамични. Ние во март предложивме овој предлог закон на ДУИ и СДСМ да се достави до Венецијанската комисија за министерката за правда да рече дека не може, нема време се брза треба да е готово до јуни, јули, за да излезе дека воопшто не и се брза на министерката, еве сега е ноември. Зошто, дали можеби поради аферата Рекет, праша Стојаноска.

Кажувањето на Зоран Заев за промена на изборен модел и дека измените на законот ќе ги стави на гласање во парламент и да нема консензус е несериозно.

-Идејата на Заев е да се задржи љубовта со малите политички партии. Ако сакаа до сега можеа да го сменат изборниот систем. Но, сега на помалку од два месеци пред формирање на техничка влада да се менува вака суштинско прашање е несериозно, вели Стојаноска.