Ѓорчев до Димковски: Што е со клучното ветување на Заев каде вели дека државата ќе гарантира откуп на грозјето и на сите земјоделски производи?

Денеска го имаме законот за виното, нормално дискутираме за грозјето, за земјоделие и клучното прашање е кое е главното ветување на Зоран Заев, на изминатите парламентарни избори до земјоделците во руралните краеви. Јас ќе ве потсетам, ќе го потсетуваме министерот за земјоделие, ќе ги потсетуваме 28 министри кои тоа го ветуваат, ќе ги потсетуваме пратениците кои тоа го ветуваа и градоначалниците на СДСМ,истакна пратеникот Влатко Ѓорчев на денешната собраниска седница.

Тој во своето обраќање потсети н изјавата на Заев каде вели државата ќе гарантира откуп на сите земјоделски производи.

-Дали Зоран Заев тој го изјави министре , дали Зоран Заев во својот манир на лажење, на неисполнување на ветувањата во својот манир на давање на ветување кажа дека државата ќе гарантира откуп на сите земјоделски производи. Заев кажал, Заев порекол. Не е зборот е збор, туку лагата е лага. Има ли политичар изминативе 28 години којшто повеќе ги лажал граѓаните на Македонија и македонскиот народ од Заев, потенцираше пратеникот.

Ѓорчев посочи дека Тиквешијата е регион во кој најмногу има вино, каде има најмногу грозје, пришто кажа дека Заев зборувал дека во Неготино и Кавадарци ВМРО-ДПМНЕ ќе добие тежок удар затоа што ја понижија цела Македонија.

-Во својот манир на лажни ветувања Заев на минатите парламентарни избори кажа дека Македонскиот земјоделец ќе биде достоинствен, а не како сега. Има глобална побарувачка за храна, недозволиво е ова што се случува во Македонија, додаде Ѓорчев.

Тој упати прашање до министерот за земјоделство Трајан Димковски што е со клучното ветување на Зоран Заев каде вели дека државата ќе гарантира откуп на грозјето и на сите земјоделски производи?

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...